Маричиќ: Никогаш не сум ја злоупотребувал службената картичка, не сум трошел повеќе од просекот на другите министри
„Сите сметки со мои потпис се врзани со некоја службена активност. Драго ми е што откако излезе приказната излегоа и сметките на другите колеги и може да се направи споредба дека моите сметки не отскокнуваат од просекто на министрите“ рече вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во неговото интервју за „Макфакс“.
Тој додаде дека Владата има правилник кој ги третира службените трошоци и дека тој има извештај за секоја сметка.
„Има правилник по кој што се цени колку смее да чини еден оброк и не е точно дека се трошело секогаш до максимум. Немам што да кријам бидејќи не ја злоупотребувам сметката и картичката“ рече Маричиќ.
Вицепремиерот додаде дека доста често странските гости се носат на ручек во државните објекти со цел да се заштеди. „Ретко практикувам одење на ручеци, дури и со амбасодрите. Сега инсистирам тоа да се скратени средби, ретко практикувам ручеци, а голем дел од оние на кои сум бил сум ги платил од свој џеб“ рече Маричиќ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа