Манолева: Дополнителната заменик министерка за финансии е причина за блокирањето на 1.117 лица во јавното здравство

Денеска на прес конференција заменик министерката за здравство во техничката Влада, Маја Манолева изјави дека е сериозно загрижена, бидејќи како што вели неодговорното однесување на дополнителната заменик министерка за финансии од ВМРО-ДПМНЕ,  Елена Петрова, која го блокира процесот на вработување на 1.117 лица во јавното здравство.

Таа нагласи дека ова не само што е неодговорно, туку е и опасно за нашето здравство, за граѓаните и за вработените во здравствениот систем. 

Да потсетам, Владата обезбеди решение за статусот на најголем дел од вработените во здравството со договор на дело и на неопределено време. Со одлука на Владата, вработувањата на 1.117 лица во здравството се обезбедени. Но, овие вработувања се блокирани од страна на дополнителната заменик министерка за финансии, Елена Петрова, само неколку дена пред изборите, без посебна причина, без тронка одговорност кон вработените во здравствените установи и без тронка грижа кон пациентите на кои им е потребна професионална грижа и нега. Ова не може да се дозволи“ - подвлече Манолева. 

Таа нагласи дека никој, посебно не функционери во извршната власт, не смеат да играат со судбината на 1.117 млади здравствени работници и да претставуваат главна пречка во работата на здравствените установи.

Нашите доктори и здравствени работници се една од најголемите вредности во нашата држава. Тие ги заштитуваат нашите животи, го подигнуваат квалитетот на здравство и се борат за нашата здравствена состојба. Ние не можеме и не смееме да дозволиме ваквите политички игри да ја стават под ризик работата на здравствените работнициистакна Манолева. 

Таа додаде дека младите доктори и македонското здравство не се тема за политика,  тие се претставници на здравјето на граѓаните и мора да бидат заштитени и потпомогнати во секој аспект, без разлика на политичките збиднувања во државата. 

Манолева рече дека ваков тип на блокади досега немало и не смее ова да стане политичка пракса, затоа што унапредувањето на здравствениот систем во земјава не смее да зависи од несовесното однесување на поединци. Нашите доктори, истакна таа,  докажаа дека тука можат да изведуваат софистицирани интервенции, од најсложени операции до трансплантации коишто во минатото ги немало. 

Овие вработување се и една од мерките како да се задржи младиот и стручниот кадар во Северна Македонија. Затоа, јавно барам од дополнителната заменик министерка за финансии веднаш да го одблокира процесот и да ги потпише документите“ - истакна Манолева. 

12.02.2024 - 13:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега