Малолетно девојче силувано во Дебар
МВР информира дека вчера попладне во 18:30 часот полициски службеници од Дебар го привеле 20-годишниот Е.Ф. кој се сомничи дека извршил силување врз малолетничка.
„Со малолетничката бил извршен разговор во присуство на претставници од Центарот за социјални работи и по целосно документирање на настанот, против Е.Ф. ќе биде поднесена соодветна пријава“, информираше Стефан Димоски – портпарол на Секторот за внатрешни работи – Охрид.
04.09.2024 - 15:38
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа