Макрон е подготвен да го обнови дијалогот со Путин

 

Францускиот претседател, Емануел Макрон денеска изјави дека е подготвен да го обнови дијалогот со рускиот претседател Владимир Путин.

-Доколку претседателот Путин има сериозни предлози и е подготвен да го обнови дијалогот што ќе овозможи постигнување долгорочен мир во Украина во согласност со меѓународното право, Франција секогаш ќе биде сила што ќе ја докажува својата поддршка, рече Макрон запрашан од новинарите за обновувањето на дијалогот со рускиот претседател., на прес-конференцијата по самитот на ЕУ во Брисел.

Макрон додаде дека нема да штеди напор за да постигне резултат.

-Не го сменив телефонскиот број, изјави францускиот претседател, пренесува Тасс.

Претходно Путин изјави дека Русија е подготвена да ја продолжи интеракцијата со Франција, како и дека имал добра соработка со Макрон, но дека францускиот претседател ја прекинал.

 

15.12.2023 - 22:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега