Македонија останува во портокалова фаза и за време на викендот, температурите ќе се искачат над 40 степени

Времето утре сончево и многу топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер. Попладне во крајните западни делови ќе има услови за краткотраен пороен дожд. UV=10
Во Скопје сончево и многу топло со мала локална облачност, соопшти УХМР.
 
Во наредните денови ќе продолжи периодот на сончево и многу топло време со дневна температура која насекаде ќе биде над 30°C, а наместа ќе надминува 40°C поради што до крајот на следната работна седмица ќе биде активирано портокалово ниво за опасност од високи температури.
 
Во недела во попладневните часови во западните делови ќе има локална појава на пороен дожд и грмежи.
12.07.2024 - 16:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега