Македонец уапсен во Србија со 2.52 промили алхохол: удрил во паркиран автомобил па во полициско возило

 

Припадници на Министерството за внатрешни работи на Јагодина му одредиле притвор на државјанин на Република Македонија, кој возејки го својот автомобил, направил две сообраќајни незгоди.

Во крвта имал 2.52 промили алхохол.

Како што известуваат од полициската управа, се сомничи дека најпрво со својата „тојота“ удрил во паркирана шкода, сопственост на 73 годишна жена, а потоа пред сообраќајната полициска станица удрил во полициско возило кое тргнало на увид по пријавата од сопственикот на „шкодата “.

Против возачот ќе биде поднесена соодветна прекршочна пријава, јавува Телеграф.

31.01.2024 - 13:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега