Македонец преку оглас бара девојка за да ја носи на одмор на Канарите, плус добива 400 евра
Млад скопјанец, чие име нема да го споменеме, бара девојка со која би летувал на Канарските острови на негова сметка, но под услов таа да не е член на опозициската партија.
На Фејсбук страницата Купи продај - цела Македонија тој објавил дека сите трошоци за одморот, авионската карта и престојот ќе паднат на негов трошок и плус нуди 400 евра за џепарлак.
Младиот човек објавува дека не бара ништо од девојката, која би отишла на одмор со него, туку признава дека тоа го прави само за да ја нервира поранешната девојка.
За себе вели дека нема мани и дека е пристоен млад човек, а ако не му верувате, прашајте и проверете.
Девојките кои се бринети и живеат во Битола или Прилеп имаат предност, вели тој, а единствениот услов што треба да го исполнат е да не се членови на опозициската ВМРО-ДПМНЕ бидејќи, како што вели, не сака да слушам глупи патриотски приказни на одмор, објави српски Курир.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа