Македонците најбројни странски гости во бугарските бањи и СПА центри
Македонците биле најбројни меѓу странските туристи кои минатата година ги посетите бугарските бањи и спа центри.
Според податоците на Единствениот туристички информативен систем на Бугарија (ЕСТИ), меѓу 70.000 странски туристи кои лани престојувале во бугарските спа и бањски одморалишта, покрај гостите од Севрна Македонија, најмногу биле од Израел, Романија, Грција, Велика Британија и Србија.
Сепак, во вкупниот број посетители во бањските туристички центри доминирале домашните гости со 90 проценти.
Интерес за бањски туризам имало од сите возрасни групи. Помладите туристи најчесто го поврзуваат со рекреација и релаксација, а постарите за да си го подобрат здравјето. Според збирните податоци од 15-те општини, најголем процент на туристи биле на возраст меѓу 45 и 59 години.
Бањските гости, според податоците на ЕСТИ, сочинувале 13 проценти од вкупниот број на туристи евидентирани лани во Бугарија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа