Мајкрософт дозволи постојана работа од дома- сепак работниците ќе мора да се одречат од едно нешто
Microsoft одлучи да им дозволи на своите работници да работат од дома без временско ограничување, но оние кои ќе се одлучат да го сторат тоа ќе мора да се откажат од работниот простор во канцелариите.
Додека огромното мнозинство на работници во „Мајкрософт“ работат од дома поради пандемијата на „ковид-19“, производителот на софтвер внатрешно ги откри упатствата за „хибридното работно место“ за да овозможи поголема флексибилност кога ќе се отворат канцелариите во САД, објаснува списанието „The Verge“.
На 30 јуни, гигантот вработи 163 000 лица, од кои 96 000 во САД.
„Мајкрософт ќе им овозможи на вработените да работат од дома помалку од 50 проценти од работната недела, а менаџерите трајно да работат од далечина”, пишува The Verge.
Мајкрософт го прифати тој систем замислен во високотехнолошкиот сектор, како Фејсбук што овозможува постојана работа од дома.
Сепак, вработените во „Мајкрософт“ ќе мора да се откажат од својот работен простор, но ќе можат да ги користат просторите за контакт во канцелариите на компанијата.
„Пандемијата на ковид-19 не принуди да размислуваме, да живееме и да работиме на нов начин“, изјави Кетлин Хоган, извршен директор на „Мајкрософт“.
„Но, некои работни места нема да може да се вршат од далечина цело време, како што се оние што бараат пристап до лабораторија за истражување на софтвер, центри за податоци или обука на персоналот“, додаде таа.
Канцелариите на Мајкрософт нема да бидат отворени до јануари 2021 година.
Шефот на Фејсбук Марк Закерберг изјави за „Верж“ дека половина од работниците на таа социјална мрежа можат да работат постојано од дома во следните пет до десет години.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа