Мајка на млад човек со српско потекло киднапиран од Хамас: Ги качија на камион и ги однесоа

Во терористичкиот напад на Хамас врз Израел на 7 октомври киднапиран е 22-годишниот млад човек со српско потекло Алон Охел. Мајка му се надева дека Србија ќе помогне да се ослободи Алон.

„Алон е невин млад човек. Ние сме како секое друго семејство. Нашето секојдневие е целосно превртено наопаку од оваа страшна реалност со која се соочуваме. Не спиеме, се будиме од кошмари“, изјави мајката на младиот човек, Идит Охел, за Косово онлајн“. Алон бил киднапиран на музичкиот фестивал.

„Тој е музичар, отиде на мировен музички фестивал, каде што имало околу 2.500 луѓе. Околу шест часот наутро имаше масовен ракетен напад на областа каде што се одржуваше фестивалот. Тој и неговите пријатели се возеле до засолниште, каде што се скриле од ракетите“, вели Охел, која дознала што се случило од пријателите на својот син.

 

Во тоа засолниште имало 27 луѓе кога дошле милитантите од Хамас и се обиделе да ги убијат.

„Мојот син и еден од неговите пријатели се обидоа со голи раце да ги фатат гранатите и да ги исфрлат од засолништето за да спасат луѓе. Едната експлодира во засолништето и повреди многу луѓе. По детонацијата, терористите влегоа и го извадија син ми. Беше жив и го киднапираа со уште три лица. Ги качија на камионот и ги однесоа“, рече мајката и додава.

„Сето тоа го виде неговиот најдобар пријател. Тој беше повреден и се преправаше дека е мртов со својата девојка, додека терористите пукаа во другите во засолништето. Кога беше донесен во болница, тој ни кажа дека Алон бил киднапиран и однесен во Појасот Газа“.

Со оглед на тоа дека Алон е српски државјанин, мајката побарала помош и од српската амбасада во Израел. Таа додаде дека нејзиното семејство од страната на мајка ѝ е по потекло од Нови Сад, каде што е роден дедо ѝ, а побегнал на почетокот на Втората светска војна кога имал 15 години.

 

 

 

 

 

 

17.10.2023 - 13:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега