Лукашенко се налути: Доста ширите гласини, нема да умрам - со мене ќе се борите уште долго време

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко денеска се појави во јавноста и ги отфрли гласините дека е тешко болен, велејќи: „Нема да умрам, деца“.

Тој објасни дека отсуствувал неколку дена затоа што му се слошило со аденовирус, а почетокот на болеста го доживеал на нозете.

„Аденовирус или што? Аденовирус. Ништо“, изјавил тој на средбата за актуелни здравствени проблеми, пренесе државната телевизија.

„Таква болест се лекува три дена“, додал Лукашенко.

Според него, ваквото заболување се лекува три дена, но порано не можел да внимава на своето здравје поради презафатеноста.

„Ако некој мисли дека ќе умрам, смирете се. Ова не е ништо повеќе од размислување со празни глави во инстант-месинџери. Затоа, деца нема да умрам. Долго ќе се борите со мене“ рекол Лукашенко, пренесува Интерфакс.

Тој повика да се стави крај на ширењето гласини за неговата болест.

24.05.2023 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега