Лукаревска: Со новиот пакет антикризни мерки 622 милиони евра одвојуваме за граѓаните
Со 9 -ти пакет антикризни мерки вреден 662 милиони евра обезбедуваме таргетирана поддршка за ранливите, пензионерите, средношколците, ученици, на оние на коишто им е потребна поради продолжените ефекти од енергетската криза но и зголемените трошоци за живот, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска во интервју за Телевизија 24.
-Имаме и посебна мерка за субвенционирање на придонеси за поголеми плати кај компаниите. Претходните мерки дадоа резултат. Тоа е ветер во грб за работниците но и за работодавачите. Имаме мерки за граѓаните, за домаќинствата и земјоделците за што издвојуваме 156 милиони евра. Посебни мерки има за 338.000 пензионери и 106.000 вработени во јавната администрација. Се направи добра анализа и парите се насочени каде што е потребно. Обврска на Владата е онаму каде што треба да помогне, да овозможи подобар стандард но и да ги помогне ранливите, тоа е нејзина одговорност, рече Лукаревска.
За пензионерите оваа влада од 2017 та до 2024 година има издвоено 8,5 милијарди евра за пензионерите а во 2024 година во буџетот се предвидени дополнителни 100 милиони евра за пензиите повеќе од 2023 година, додаде Лукаревска и направи споредба со времето на ДПМНЕ кога пензиите беа драстично помали.
-Во време на ДПМНЕ просечната пензија изнесувала 13.754 денари додека во март 2023 година во Влада на СДСМ, просечната пензија е покачена и изнесува околу 20.000 денари. СДСМ за само една и половина година има обезбедено раст на пензиите за 24% проценти. СДСМ ја зголеми просечната пензија за 50% и за 50% ја големи минималната пензија. Пензиите растат со СДСМ и ние имаме образ да зборуваме за овие мерки за пензионерите со бројки и факти. Секако дека можеме и повеќе но во моментов бројките потврдуваат дека СДСМ се грижи за пензионерите и за граѓаните, рече заменик претседателката Сања Лукаревска, во интервју за Телевизија 24.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа