Лукаревска: Нудиме повисоки плати и пензии, граѓаните сакаат прогрес, а не национализам

Носителката на ИЕ 2, Сања Лукаревска, при посетата на општина Липково, рече дека е горда што е носителка токму на ИЕ2, бидејќи таа е достоинствен репрезент и пример за разноликост, за соживот и за заедништво. 

 „Без разлика на кој етникум и вера припаѓаме, сите имаме исти потреби и исти или слични проблеми. Изминатите три години направивме многу! Ја внесовме државата во НАТО, на пат сме да станеме членка на ЕУ. Но, ги покачивме и платите и пензиите, ја покачивме и социјалната помош за дури 300 %. На граѓаните им е доста од националистичка реторика. Тие сакаат решенија за реалните проблеми", рече Лукаревска. 

Вели дека и по 15 јули, ќе се продолжи по исправниот пар. 

-Ќе продолжиме да ги враќаме парите назад кај граѓаните! Платите и пензиите ќе продолжат да растат. Минималната плата ќе ја зголемиме на 20.000 денари, додека просечната плата ќе расте до  34. 000 денари. Најниските пензии ќе ги покачиме за најмалку 21 %. Обезбедуваме достоинствен живот за сите наши граѓани, рече Лукаревска. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.06.2020 - 19:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега