Луѓе блиски до Кејт Мидлтон тврдат: Таа сега е друга личност
Принцезата од Велс, Кејт Мидлтон полека, но сигурно се враќа во јавниот живот по хемотерапијата и опорувањето од дијагнозата карцином.
Таа неодамна го предводеше семејството на традиционален божиќен концерт во Вестминстерската опатија, до исклучително тешката година, но принцезата од Велс не брза да се врати на својата претходна рутина и работа.
-Таа во моментов е фокусирана на себе и семејството, со право, вели извор за Пипл.
Додека тој предупредува дека принцезата се уште не се опоравила целосно, поранешната секретарка за медиуми на кралицата Елизабета Втора, Алиса Андерсон со свое видување.
-Секој пат кога ја гледаме, изгледа се’ подобро и подобро, истакува Андерсон.
Нејзиното последно појавување во јавност кога со принцот Вилијам ги дочека катарските официјални претставници во Велика Британија, претставува бавно и сигурно враќање, но не целосно, на кралските должности.
Од нејзината видео снимка на 9 септември кога најави крај на третманот на превентивна хемотерапија за видот на карцином кој се уште е тајна, Кејт Мидтон нагасува дека е внимателна.
Пријатели на Мидлтон велат дека искуството кое го имала со ракот го променило нејзиниот фокус, како во домот, така и нејзиниот пристап кон кралските должности.
-Не се врати во нормала, но постои светло на крајот од тунелот, вели семеен пријател.
-Таа во голема мерка го контролира своето враќање во јавниот живот. Го прави она што најдобро и одговора, посочува кралската биографка, Сели Бедел Смит.
-Болести опасни по животот носат преиспитување на приоритетите. Таа и Вилијам секогаш јасно ставаа до знаење дека семејството им се најважно. Не можете да минете низ такво нешто и да излезете од тоа непроменет. Таа сега е друга личност, вели инсајдер.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа