Луда обожавателка животот на Александер-Арнолд му го претворила во пекол

Ѕвездата на Ливерпул и англиски репрезентативец Трент Александер-Арнолд мораше да ангажира телохранители и приватен детектив, дури и го смени телефонскиот број, бидејќи го прогонува обожавателка која го демне и го вознемирува фудбалерот и неговото семејство веќе една година

Жената „опседната со секс“, како што ја нарече „Сан“, се појавувала пред неговата куќа, тренинг центарот на Ливерпул и во неговите омилени ресторани, а пораки со експлицитна содржина испраќала на телефон и домашна адреса. И членовите на неговото семејство добивале „болни пораки“.

Поради несаканата ситуација, на Александар-Арнолд му било препорачано да преземе низа безбедносни мерки, па ангажирал телохранители и приватен детектив, го сменил телефонскиот број, поставил камери за надзор и побарал да му ја проверуваат поштата.

Ливерпул е свесен за ситуацијата и му дава целосна поддршка на својот играч.

„Пеколот на Трент трае повеќе од една година“, цитира „Сан“ извор од клубот.

„Оваа жена ги тероризира него и неговото семејство, ги бомбардира со експлицитни пораки, постојано му се јавува на телефон, испраќа непотребни писма и непристојни материјали во неговиот дом во Чешир. Ова е навистина загрижувачки за Трент, кој прави се сето тоа да влијае на неговите перформанси на теренот“.

Бурната година на ѕвездата на Ливерпул дополнително беше „зачинета“ со инцидент од октомври кога за влакно избегна трагедија кога поради олуја столб од далновод се урна на патот.

На крајот на краиштата, тој неодамна го повреди коленото и ќе биде надвор од терените најмалку еден месец.

24.02.2024 - 15:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега