Лога: Смртната казна е забранета кај нас, но мислам дека би била спас за тие монструми

И јас сум гневен како и сите граѓани на оваа држава. Уставот ја забранува смртната казна а исто така ние имаме усвоено и протоколи и други конвенции каде се забранува смртната казна, кажа денеска министерот за правда Кренар Лога одговарајќи на новинарско прашање.

- Јас сум меѓу тие граѓани во оваа држава кои мислат дека смртната казна би била спас за тие монструми и сум на таа страна тие да ја доживуваат до крајот на својот живот во нивната свест за тоа што имаат направено и секој ден да ја доживуваат се потешко за овој настан. Доживотна казна затвор е најмала казна што треба да ја изречат нашите институции, кажа Лога. 

Лога потенцираше дека тој има доверба во институциите и дека на крајот ќе им биде изречена заслужената казна на како што тој вели монструмите.

04.12.2023 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега