Лога се сретна со турскиот колега - разговарале за Палевски
На средбата со министерот за правда на Република Турција, Јилмаз Тунч, се разговараше и за постапката за екстрадиција на Љупчо Палевски.
Министерот за правда, Кренар Лога, бил информиран од турскиот колега дека судскиот процес за Палевски е завршен и се очекува да завршат и административните процедури.
По завршувањето на административниот дел, се очекува Палевски да биде екстрадиран во нашата држава, велат од Министерството за правда.
„Министерот Лога му се заблагодари на Тунч за нивната брза реакција и апсењето на Палевски и посочи дека ова е добар знак за општеството да се казнат оние што извршиле злосторство“, се потенцира во официјалната информација.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа