Лефков за ТВ 24: Бараме договорот со „Бехтел и Енка“ да биде јавно објавен
Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 анализа“, на ТВ24, рече дека овој пакет закони стигна со злоупотреба на европското знаменце.
- Ако мислат за доброто на граѓаните треба да се спротивстават. Правната рамка којашто ги регулира односите помеѓу Македонија и ЕУ е спогодбата за стабилизација и асоцијација, а институционалната и легислативната рамка произлегуваат од одредени документи како што е Националната програма за усвојување на правото на ЕУ. Ако ги видите овие документи, ќе видите дека ги нема законите кои стигнаа во Собрание, нема ниту една Директива, ниту една Регулатива, со која овие законски решенија се усогласуваат. Ние сакаме Договорот да биде јавно објавен во Службен весник, изјави Лефков.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа