Лашкоска: СДСМ вети многу, а не оствари ништо - се обврзуваме на гражна експанзија

Кандидатката за пратеничка од ВМРО-ДПМНЕ во Изборната единица 4, Ане Лашкоска на прес-конфренеција рече дека СДСМ и Зоран Заев во предизборната програма во 2016 година ветуваа изградба на 550 километри магистрални и регионални патишта, 600 километри автопати и експресни патиша и 1.000 километри локални патишта, но од тоа ништо не е остварено.

-Со оваа власт на СДСМ за прв пат слушнавме дека изгребен асфалт и поставен нов слој бил капитален проект. Да не беше трагично,ќе беше смешно! Рекетот на СДСМ направи да големи проекти кои ги започна претходната Влада на ВМРО-ДПМНЕ, бидат закочени, а сето тоа на штета на државата и граѓаните.  Во изборната програма насловена како “Проект Обнова” се обврзуваме на реконструкција, рехабилитација и проширување на најмалку 1.000 км магистрални, регионални и локални патишта.  Тоа значи дека во Република Македонија наредните 4 години ќе се одвива целосна градежна офанзива, и тоа без исклучок во сите региони, рече Лашкоска.

Вели дека ВМРО-ДПМНЕ се обврзува да го заврши експпресниот пат Прилеп-Градсконо и да изградат нов автопат Прилеп-Битола и ескпересен пат до границата со Грција.

- Ќе ја завршиме изградбата на автопатот Кичево-Охрид, како и автопатот Скопје – Блаце.  Предвидуваме изработка на документација и разгледување на можности за финансирање на автопати од Гостивар до Кичево и од Требеништа до Струга. Ќе изградиме експресен пат кој ќе ги поврзува Ранковце и Крива Паланка, ќе го завршиме експресниот пат Штип-Кочани, како и експресниот пат Штип-Радовиш. Во програмата се обврзуваме на големи инвестиции и во железничката инфраструктура. Ќе ја довршиме изградбата на железничката пруга од Куманово до Бељаковце која неодамна беше стопирана поради неспособноста на Владата. Повторно ќе се инвестира во осовременување на возниот парк на Македонски железници, преку набавка на најмалку 5 нови возови. Во поглед на авионскиот  сообраќај предвидуваме финансиска поддршка во вредност од 430 милиони денари, за дополнителен број нови евтини летови за македонските граѓани, рече таа..

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.07.2020 - 14:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега