Кузеска: Овие 100 дена во техничката влада се единствената можност на ВМРО-ДПМНЕ да бидат на власт

 

Овие 100 дена на ДПМНЕ во техничката Влада ќе бидат единствената можност да бидат на власт и добро е да им ја даваме оваа можност на секои 4 години, изјави портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

„Во изминатиов период се изнаслушавме различни хаотични ставови, неконзистентни ставови од страна на ДПМНЕ и Мицкоски.

Еднаш кажуваат дека нема да учествуваат, го спореа и Талат Џафери како премиер на техничката Влада, кажуваа дека немало потреба од техничка Влада за сега да слушнеме дека ќе бидат дел од техничката Влада.

Морам да кажам дека добро е тоа, добро е што прифатија да ја испочитуваат законската обврска, но и улогата и обврската што ја имаат како опозиција“, рече Кузеска.

12.01.2024 - 14:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега