Кумановец избегал од затвор и ограбил продавница во Крива Паланка


Вчера во 03.30 часот во Крива Паланка, полициски службеници од ОВР Крива Паланка го лишиле од слобода Е.З.(26) од Куманово.

Тој се сомничи дека, откако избегал од казнено - поправна установа, од продажен објект во Крива Паланка одзел предмети и пари.

Е.З. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

17.04.2024 - 12:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега