Кучето на Бајден најмалку 24 пати каснало членови на Тајната служба
Кучето на американскиот претседател Џозеф Бајден најмалку 24 пати каснало агенти на американската тајна служба, кои се грижеле за безбедноста на Бајден, покажуваат новите документи од службата.
Германскиот овчар, наречен Командант, поради таа причина беше отстранет од Белата куќа во октомври минатата година, една недела откога сериозно повреди агент на Тајната служба, објави Би-би-си.
Записите покажуваат дека Командант каснал членови на Тајната служба најмалку 24 пати помеѓу октомври 2022 година и јули 2023 година, вклучително каснувања на зглобот, подлактницата, лакотот, половината, градите, бутот и рамото.
Според извештаите, документите не ги евидентираат сите инциденти поврзани со Командант бидејќи ги опфаќаат само членовите на Тајната служба, а не и другиот персонал што работи во Белата куќа или во одморалиштето Кемп Дејвид на американските претседатели во државата Мериленд.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа