Кржаловски: ВМРО-ДПМНЕ прави одличен потег со предлогот за имплементација на хрватскиот Устав

 

Според аналитичарот Александар Кржаловски, ВМРО-ДПМНЕ направи одличен потег со предлогот за имплементација на хрватскиот Устав. Како што изјави за „Тема на денот“ на Сител, ова е одличен потег на ВМРО-ДПМНЕ да ја заврти дискусијата од притисок кон нив дека не сакаат уставни измени со шокантен противудар со кој се тепаат три муви, додека пак СДСМ се затекнати и немаат одговор.

-Топката се префрли на владината страна и тоа од една страна СДСМ, а од друга страна сите албански партии. СДСМ се фати во дефанзива и се шокирани од предлогот, што ја покажува леснотијата со која се прифаќаат некои работи како тоа што се прифати во јули за ова или претходно Преспа. Испаѓа на непрочитано, бидејќи најмногу циркулираше да се земе хрватскиот Устав како предлог, рече Кржаловски.

Додаде дека сега испаѓа дека поинаку бидејќи или не го прочитале или не ги разбрале деталите, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ ги изненади.

-Додека СДСМ се мисли како да одговори, интересна е реакцијата од албанскиот блок. Први еба Алијанса за Албанците, потоа Алтернатива со одбивање, што демонстрира чудна ситуација, дека по кажува фразата „по туѓ грб, 100 стапа не болат“. Додека се удираше по македонскиот народ, се ќе прифатеа, но кога се одзема од тоа за Албанците, сега е проблем и неприфатливо. Како така? Ова што го предлага ВМРО-ДПМНЕ исто така е европски предлог, ама не им одговара на нив, истакна Кржаловски.

03.04.2023 - 20:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа