Криза во Лос Анџелес Тајмс: Отказ добија повеќе од 20% од вработените

Лос Анџелес Тајмс денеска објави дека отпушта најмалку 115 луѓе, или повеќе од 20 проценти од редакцијата, што претставува едно од најголемите намалувања на работната сила во историјата на 142 години старата институција.

Како што пренесе ДПА, овој потег доаѓа во време на проекции за уште една година тешки загуби за весникот.

Намалувањата се неопходни затоа што весникот повеќе не може да губи од 30 до 40 милиони долари годишно без да напредува кон градење поголема читателска публика што ќе донесе реклами и претплати за одржување на организацијата, изјави денеска сопственикот на весникот, доктор Патрик Сун-Шионг.

Потребни се драстични промени, рече тој, вклучително и нови лидери кои ќе се фокусираат на зајакнување на новинарството на медиумот за да стане незаменлив за повеќе читатели.

– Денешната одлука е болна за сите, но императив е да дејствуваме итно и да преземеме чекори за изградба на одржлив и просперитетен весник за следната генерација. Ние сме посветени да го сториме тоа, рече Сон-Шионг.

23.01.2024 - 22:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега