Кривична пријава за хрватскиот министер: полицијата објави како дошло до несреќата

 


Полицијата во саботата добила пријава за сообраќајна незгода на излезот од Винковци кон Жупања, во која учествувале комбе и приватно возило управувано од сега поранешниот министер за одбрана Марио Баножиќ.

Истрагата за сообраќајната несреќа која ја водеше заменикот на Жупаниското државно правобранителство во Вуковар, утврди дека Баножиќ со приватно возило, движејќи се од правец на Винковци кон Жупања, небезбедно претекнал камион кој се движел во иста насока пред него. Поради тоа, предниот дел од неговото возило се судрил со предниот дел на комбе управувано од 40-годишен маж од спротивниот правец, извести полицијата.

Од здобиените повреди 40-годишниот возач починал на местото на настанот, додека Баножиќ со Итната медицинска помош бил пренесен во Општата Жупаниска болница во Винковци, а потоа во Клиничката болница Осиек на понатамошно лекување.

„Над телото на починатиот возач ќе се изврши обдукција во Националната меморијална болница „Др. Јурај Њавро“ во Вуковар“, соопштија тие.

Од Баножиќ за анализа се земени примероци од крв и урина.

Поради сомнение дека предизвикал сообраќајна незгода со прекршување на сообраќајните прописи, против Баножиќ до Жупаниското државно правобранителство во Вуковар ќе биде поднесена кривична пријава за сторено кривично дело Предизвикување сообраќајна незгода во патниот сообраќај.

12.11.2023 - 11:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега