Кривичен: На Јанакиески му е засметан притворот во казната

 

 

Кривичен суд посочува дека постапиле правилно во врска со случајот на Миле Јанакиески и неговата правосилна пресуда за „Титаник“. Посочуваат дека со признанието на вина му е одредена казна, а во неа е засметано и времето поминато во куќен и ефективен притвор.

„Во донесената пресуда врз основа на признание на вина, како и во решение на Апелациониот суд – Скопје со кое се потврдува првостепената пресуда, но и во наредбата за спровод од судијата за извршување санкции е наведено дека во досудената казна затвор се засметува времето поминато во притвор односно од 14.11.2018 година до 26.02.2019 година како и времето поминато во куќен притвор сметано од 28.02.2022 година до започнување со издржување на казната затвор на 06.07.2023 година, односно околу една година и девет месеци“, велат од Кривичен суд.

Тие додаваат дека во пресудата веќе е пресметан притворот и куќниот притвор за конкретниот предмет.

„Согласно и со Коментарот на Кривичниот законик на академик Владо Камбовски (стр. 485 и 486):Поимот на секое лишување од слобода го опфаќа и притворот, како и казната или мерката на безбедност што се состои во лишување од слобода за истото дело, издржана во странство….(чл. 121)…. ….Во сите случаи е потребно притворот и издржаната казна или мерка за безбедност да се во врска со казненото дело за кое на сторителот му е изречена казна“, додаваат од Кривичен суд.

Вонредното преиспитување на пресудата ќе биде направено од Врховен суд.

„Што се однесува до барањето за вонредно преиспитување на пресудата, од Кривичен велат дека по истекот на сите законски утврдени рокови за достава на пресудата до останатите обвинети за кои второстепениот суд ја потврди пресудата донесена врз основа на признание на вина, ќе биде комплетиран и доставен во Врховниот суд на РСМ, како надлежен суд за одлучување по барањето“, додаваат од Кривичен суд.

10.07.2023 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега