Крива Паланка повторно ќе биде единствен македонски град- домаќин на Europ’Raid


На 15 август, по четврти пат,  Крива Паланка ќе има чест и задоволство да биде единствен македонски град-домаќин на авантуристичкиот 
Peugeot 207 караван „Europ’Raid“, што го организираат на млади авантуристи од Франција кои патуваат  и се запознаваат со природните убавини, културата, традицијата и кулинарството на 20 европски земји.

По нивното пристигнување во Крива Паланка , ќе се одржи франкофонски музички хепенинг во ООУ „Свети Јоаким Крчовски“, збогатен со македонски фолклор со цел запознавање на македонската култура и традиција, вечерта  гостите ќе имаат можност да проследат културно-уметничка програма  и концерт на BAD ASS ALL на Градскиот плоштад.

Во рамките на овие активности, ќе присуствува делегација од Амбасадата на Франција, претставници од Францускиот институт од Скопје и повеќе франкофонски здруженија и организации.

Крива Паланка е одбрана за македонски град -  домаќин на овој авантуристички мото караван од страна на „Europ’Raid“ и во соработка со Амбасадата на Франција, поради бројните  активности и покажани резултати  во областа на франкофонијата.

На 3 август 2024 година,  започна 9-то издание на Europ’Raid, првата авантуристичка обиколка со автомобили „Пежо 205“ низ 20 земји во Европа, а во рамките на истата, околу 610 Французи тргнаа од Париз, во духот на меѓународната солидарност, носејќи со себе училишна и спортска опрема која ја донираат на училишта од Босна и Херцеговина, Бугарија, Албанија и С Македонија. Поминувајќи 8.000 километри за 22 дена, секоја екипа има мисија да обезбеди 70 кг. училишна или спортска опрема: училишни ранци,  училишен прибор, тетратки,  топки, разновидни друштвени игри, сликовници и книги на француски јазик, спортска облека, обувки, наменети за младите франкофони со цел да ги поттикнат и мотивираат да го изучуваат францускиот јазик.

Настанот е дел од Кривопаланечко културно лето и манифестацијата „Крива Паланка- Град на културата“.

 

14.08.2024 - 15:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега