Кремљ се огласи за погребот на Пригожин: Ваквите одлуки се носат заедно со роднините

 

Како што соопшти портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, одлуката за тоа како да се организира погребот на шефот на паравоената формација Вагнер, Евгениј Пригожин, кој загина во мистериозна авионска несреќа во регионот Твер, ќе зависи пред се од неговите роднини и дека државата нема информации за тоа.

„Ваквите одлуки секогаш се носат заедно со роднините и првенствено се засноваат на одлуката на роднините“, рече Песков, пренесува Лента.ру.

Песков додаде дека не се знае дали рускиот претседател Владимир Путин ќе присуствува на погребот и затоа се уште нема информации како ќе се одржи настанот.

„Засега не знаеме кога, што, како, па сега не може да има одговор на ова прашање“, рече Песков.

Истражниот комитет на Руската Федерација вчера соопшти дека се идентификувани сите десет жртви од авионот, кој минатата недела се урна во близина на Москва.

28.08.2023 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега