Кремљ: Односите меѓу Москва и Пјонгјанг не треба да загрижуваат никого, не се насочени против нив

 

По преговорите во проширениот состав, одржана е лична средба меѓу Владимир Путин и Ким Џонг-ун, соопшти прес-службата на Кремљ.

Средбата меѓу претседателот на Русија, Владимир Путин, и лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун се одржа на космодромот „Восточни“ во областа Амур во Русија.

Односите меѓу Москва и Пјонгјанг не треба да ги загрижуваат другите земји бидејќи тие не се насочени против никого, посочи Песков, коментирајќи ја средбата меѓу двајцата лидери.

„Сите други прашања се однесуваат само на нашите две суверени земји и не треба да бидат грижа на трети земји бидејќи нашата соработка е во корист на народот на нашите две земји, а не против никого“, изјави Песков за телевизијата „Русија 1“.

„Северна Кореја е наш близок сосед. И покрај какви било коментари или извици однадвор, односите со соседите ќе ги градиме на начин што е корисен за нас и за нашите соседи“, нагласи тој.

Тој додаде дека Русија ја задржува својата позиција во ОН кога се во прашање санкциите против Северна Кореја, но тоа не може, не треба и нема да биде пречка за развојот на руско-севернокорејските односи.

Посочи дека градењето односи меѓу Русија и Северна Кореја се однесува и на чувствителните области, вклучително и војската.

Разговорот се одвива во салата за состаноци на првиот кат од инженерската зграда на техничкиот комплекс на вселенскиот ракетен комплекс „Сојуз 2“. Во преговорите учествуваа членови на делегациите на двете земји.

13.09.2023 - 15:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега