Кралот Чарлс ќе го одржи својот прв говор како монарх на 7 ноември

 

 

Британскиот крал Чарлс Трети ќе го одржи својот прв говор како монарх на 7 ноември, во кој ќе ги изложи приоритетите на владата во Парламентот.

Ова го соопшти министерката за односи со Парламентот, Пени Мордонт, пренесе Би-би-си.

Чарлс исто така одржа таков говор во мај 2022 година, но тој тогаш ја заменуваше својата мајка, Елизабета Втора, која беше болна.

Во тој момент, сепак, тој сè уште беше престолонаследник.

Затоа, на 7 ноември Чарлс ќе го одржи својот прв говор по искачувањето на тронот по смртта на својата мајка на 8 септември 2022 година.

21.07.2023 - 16:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега