Краделе од трговски објект, па завршија зад решетки: Сега треба да ги враќаат предметите
На 26.06.2024 во 13.20 часот, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода В.М.(40) и М.Д.(43), двајцата од Куманово поради тоа што на 23.06.2024 извршиле кражба од трговски објект на улицата „Октомвриска револуција“ во Куманово, при што одзеле повеќе предмети.
Одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопственикот, а лицата биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе следува соодветна пријава.
27.06.2024 - 10:07
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа