Крадец фатен на дело среде ноќ: Се обидел да украде од плац на фирма

Вчера во 01.10 часот на ул.„Македонски Гемиџии" во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода Е.Б. од Прилеп. Тој бил затекнат при извршување кражба во плац на правно лице, по што украденото било вратено на сопственикот.
Лицето било задржано во Полициска станица Битола, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
17.05.2025 - 10:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа