Ковачевски за РТВ Словенија: Водечката улога на Словенија ќе резултира со интеграција на целиот регион во ЕУ
Премиерот Димитар Ковачевски, во вечерашното интервју за РТВ Словенија го нагласи и значењето на Република Словенија, во евроинтеграцискиот процес на Република Северна Македонија и на државите од Западен Балкан, како и во развојот на државата.
„Словенија секогаш се залагала за интеграција на целиот Западен Балкан во ЕУ и јас верувам дека водечката улога којашто Словенија ја има во овој регион на крајот ќе резултира со интеграција на целиот регион во ЕУ, како што е и залагањето на Словенија, на премиерот Голоб, на министерката за надворешни работи Фајон, на претседателката Пирц Мусар, на поранешниот претседател Пахор. Навистина тие имаат значајна улога за европската интеграција на регионот“, оцени премиерот Ковачевски.
Притоа, како што посочи премиерот Ковачевски, Словенија е еден од најголемите пријатели на Северна Македонија, од денот на нашето осамостојување и прогласување независност и во текот на изминатите 31 година од кога имаме воспоставено дипломатски односи, Словенија има учествувано во сите развојни процеси на државата, преку проектна помош, помош во знаење, преку твининг проекти и финансиска помош, како и во областа на економијата.
„Словенија е наш петти стратешки партнер во делот на трговската размена, меѓутоа и во делот на инвестициите - 7% од странските директни инвестиции во Северна Македонија се од Словенија. 2.500 наши граѓани работат во словенечки фирми во Северна Македонија, осигурителни компании, банки се дел од словенечките компании. Словенија има доделено помош на Северна Македонија во износ од 40 милиони евра за најразлични проекти за развој, што е конкретна поддршка во напредокот на нашата држава“, нагласи премиерот Ковачевски во интервјуто за РТВ Словенија.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа