Ковачевски со честитка за Велигден: Храбрите дела, љубовта и меѓусебното разбирање се патот до заедничкото добро

 

 

Претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во писмо до монсињор д-р Киро Стојанов, Бискуп Скопски и Епарх Струмичко-скопски упати честитки за најголемиот христијански празник Велиден, до него, до свештенството и верниците на Католичката црква кои денеска го чествуваат празникот.

„Посакувам добро здравје, мир, разбирање и лична и колективна благосостојба за сите.

Големите празници секогаш носат голема духовна сила.

И овој празник, што ја слави победата на животот над смртта, нека ја обнови вербата кај секого дека храбрите дела, базирани на љубовта и меѓусебното разбирање, се патот до заедничкото добро.

Посакувам празникот на Христовото Воскресение да го поминете меѓу најблиските, во радост и спокој “, напиша во писмото до бискупот Стојанов, премиерот Ковачевски.

09.04.2023 - 10:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега