Ковачевски: Прво да заврши вонредниот надзор, па потоа детали за јавноста за случајот со смртта на 5-годишната Јана
Одговарајќи на новинарско прашање, премиерот Димитар Ковачевски информираше дека бил запознаен со случајот во битолската Клиничка болница за смртта на 5-годишната Јана. Кажа дека инспекторите биле на терен во битолската болница и ги прибирале потребните податоци за случајот. Конретни информации за јавноста, кажа дека ќе има откако ќе заврши вонредниот инспекциски надзор.
„Да, имам информации. Разговаравме и вчера и денеска. Почнат е вонреден надзор. Информирано е Јавното обвинителство. Кога институциите ќе ги имаат сите детали, тие ќе бидат споделени со јавноста. Врз основа на факти треба да се утврди објективната состојба и врз основа на тие факти да се направат соодветни санкции онаму каде што ќе биде потребно“, изјави Ковачевски.
Дополнително, откри дека директорот на битолската болница доаѓал накај Скопје во моментот за да има состанок со министрите и другите дополнителни инволвирани институции.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа