Ковачевски прифати заеднички избори: Познат датумот на изборите
Премиерот Ковачевски прифати во мај да се одржат двата изборни процеси во еден термин. Тој денеска во Прилеп рече дека смета дека во мај има доволно простор за да се одржат избори.
„Сметам дека постои доволно простор во месец мај да може да се организираат избори во нивниот редовен термин. Во однос на финалните ставови на политичките партии ќе ве информираме тогаш кога ќе се постигне еден поширок консензус во рамките на парламентот. “ – рече Ковачевски.
Тоа практично значи дека на 8ми мај, ќе се одржат парламентарните избори заедно со вториот круг од претседателските. Две недели претходно ќе биде првиот круг на Претседателските избори.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа