Ковачевски планира дневна шема по скопските кафулиња за Нова Година и една - две пијачки

Премиерот Димитар Ковачевски доаѓањето на новата година ќе ја прослави со пријателите во некое од скопските кафулиња, а денот ќе го заврши со семејството.  

- Како и секоја година ќе ја прославам Новата година. Јас сум човек кој секогаш за 31 декември сум некаде по скопските кафулиња, така било со години, со моите другари од детство, и после една-две пријачки во центарот на Скопје секогаш денот го завршувам со семејството, изјави Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на пуштањето во употреба на реконструираната сала Партизан во скопски Карпош.

29.12.2023 - 14:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега