Ковачевски од Вашингтон: Изминативе шест години Северна Македонија ја вративме на вистинскиот пат
Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски во рамки на работната посета на САД, се обрати на престижниот универзитет „Џонс Хопкинс“ во Вашингтон на тема: „Неодложна потреба за економски развој на Балканот“. Претходно, премиерот Ковачевски, одржа средба со деканот, Џејмс Стајнберг каде зборуваа за тековната работа како и плановите за активности во следниот период.
„Во шест кратки години од заробена држава затоа што 11 години имавме Влада којашто беше популистичка и којашто не носеше одлуки за земјата да напредува, сè беше насочено кон зборување за минатото и знаете за политичарите секогаш е најлесно да зборуваат за минатото, затоа што кога зборувате за минатото тогаш не ветувате ништо, просто играте на емоционалните чувства на гласачите и граѓаните. Никогаш не ми се допаѓале политичари коишто зборувале за минатото. Ние започнавме да работиме и да зборуваме за иднината и затоа во шест години од заробена држава станавме земја којашто е членка на НАТО и сега ја согледуваме вредноста да се биде членка по војната во Украина. Потоа започнавме преговори со ЕУ, претседаваме со ОБСЕ, ова е најголемата безбедносна организација во Европа и тоа е последната организација кадешто сè уште постои дијалог со Русија“, изјави Ковачевски во своето денешно обраќање.
„Северна Македонија претседава со таа организација токму во оваа 2023 година и ние сме првата земја којашто отвори стратешки дијалог со САД. Сето ова се случи во изминатата година. Тоа беше возможно само преку носење храбри, тешки но и лидерски одлуки. Ние го решивме спорот со Република Грција, тоа не беше лесна одлука затоа што со цел да станеме членка на НАТО ние моравме да го промениме името на државата а тоа е крајната тешка и мачна одлука што некој ја направил во историјата. Тука гледам академици од Џонс Хопкинс, гледам студенти и не мислам дека има повеќе од три или четири случаи каде што се носеле такви одлуки“, додаде Ковачевски.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа