Ковачевски: Обезбедивме бесплатен лет од Тел Авив за евакуација на македонските државјани

 

Премиерот Димитар Ковачевски на социјалната мрежа Фејсбук информираше дека владата обезбедила бесплатен лет од Тел Авив до Скопје за евакуација на македонските државјани кои во моментов се наоѓаат во Израел и кои побарале помош да се вратат во Северна Македонија.

Според него, тие утре треба да пристигнат во Скопје.

-Во услови на откажани летови и целосно блокиран авио транспорт со Израел, навистина беше предизвик да се организира овој лет. На моја иницијатива и во разговор со премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, нашите граѓани ќе ги вратиме дома со авион на Air Serbia. Благодарност до неа и до сите вклучени во процесот, добрососедството и овој пат се покажа на дело. Нашата отворена и директна комуникација за сите прашања е секогаш во насока на изнаоѓање решенија, што конкретно се потврди и овој пат. Посакувам мирен лет и што поскоро враќање дома.

12.10.2023 - 16:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега