Ковачевски му ја предаде премиерската функција на Џафери

Талат Џафери, новиот технички премиер пристигна на првиот работен ден во Владата, каде беше пречекан од премиерот во оставка Димитар Ковачевски.

-Прв ден премиер. И најкратката патека е тешка да се изоди ако немаш визија, план насока и цел. На сите предизвици и патеки до сега сум им пристапувал со добро планирање и јасна цел. Така е и денес, со јасна цел за Европска Република Северна Македонија, напиша Џафери на Фејсбук.

29.01.2024 - 11:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега