Ковачевски: Минатата година кога бев премиер имавме 10.000 вработувања – просечната плата продолжува да расте

Доскорешниот премиер Димитар Ковачевски тврди дека во изминатите 6 години државата со 100 милиони евра поддржала 919 домашни компании кои инвестирале над половина милијарда евра.

Вели дека освен инвестициите постојано се отвораат нови работни места и се зголемуваат платите на работниците, што, како што вели, е исклучително важно за подобрување на животниот стандард.

-Со овој правилен пристап Владата предводена од СДСМ во мојот мандат предвремено го реализираше ветувањето за просечна плата. Денес просечната плата е над 630евра и продолжува да расте.  Имаме и нови 10.000 вработувања само изминатата година која јас бев премиер, а невработеноста ја намаливме на 13% наспроти онаа во 2016 од 24%. СДСМ останува посветена на подобрување на животниот стандард на работниците и граѓаните, вели Ковачевски.

13.02.2024 - 20:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега