Ковачевски: Честитки за новиот европски шампион Владимир Егоров

 

 

Македонскиот борец Владимир Егоров освои златен медал на Европското првенство (ЕП) во Будимпешта во категоријата до 57 килограми.

Егоров доби честитка и од македонскиот премиер, Димитар Ковачевски, кој испрати порака преку Фејсбук.

Честитки за новиот европски шампион во борење во слободен стил, Владимир Егоров.

Од мое име и од името на сите граѓани ти посакувам многу големи успеси во иднина, уште многу златни медали и освоени врвови. “, напиша Ковачевски.

31.03.2022 - 21:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега