Ковачевски: Бугарија се однесува кон Македонија како Русија кон Украина

 

Бугарија се однесува кон Македонија исто како Русија кон Украина. Ова го изјави премиерот Димитар Ковачевски на четвртиот самит на Советот на Европа во Рејкјавик и додаде дека обвинувањата од Бугарија за непочитување на човековите права во Македонија се неосновани.

„Дискурсот што се користи од Бугарија кон Северна Македонија, за жал, е многу сличен на дискурсот што Руската Федерација го користи кон Украина. Неприфатливо е таквите обвинувања да се злоупотребуваат за политички цели, особено во овој клучен период за иднината на Европа. Северна Македонија е меѓународно признаена како функционално модерно мултиетничко општество, каде што се почитуваат сите права, а и сите извештаи го потврдуваат тоа“, рече Ковачевски.

Според него, обвинувањата наведени на овој самит од страна на претставникот на Бугарија се целосно неосновани и доаѓаат од земја што не ги почитува пресудите на Европскиот суд за човекови права и стандардите на Советот во областа на човековите права.

Тој додаде дека Македонија и Албанија се движат напред и не смее да се дозволи влијание од надвор, особено не е од Русија во срцето на Балканот.

17.05.2023 - 16:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега