Конгресменка бара импичмент за Бајден: „Директна закана за националната безбедност“

 

 

Конгресменката Марџори Тејлор Грин поднесе барање за отповикување на американскиот претседател Џо Бајден и четворица членови на неговата администрација, вклучувајќи го и министерот за внатрешна безбедност Алехандро Мајоркас.

Во поднесените документи, Грин бара импичмент на американскиот претседател за „сериозни злосторства и други прекршоци“ и Мајоркас, секретарот за правда Мерик Гарланд, директорот на ФБИ Кристофер Вреј и окружниот јавен обвинител на Колумбија, Метју Грејвс.

„Претседателот намерно ја компромитира националната безбедност на Америка со тоа што одби да го спроведе Законот за имиграција и заштита на границите, дозволи влез на приближно шест милиони илегални имигранти од повеќе од 160 земји, ѝ ги ускрати на граничната патрола потребните ресурси и политички капацитет за заштита на нацијата и неговата администрација намерно одби да одржува оперативна контрола предвидена со закон“, вели Грин.

Таа потсети дека Бајден ги откажал договорите за изградба на ѕидот за да ја заштити границата со САД, а Министерството за правда потоа ја тужеше државата Аризона откако го изгради ѕидот со поставување контејнери.

Според неа, Бајден ја вратил „катастрофалната практика на апсење и ослободување“ која им дозволувала на илегалните мигранти да шетаат по улиците на американските градови и да ги тероризираат локалното население.

„Под команда на Бајден, Министерството за домашна безбедност незаконски одобри масовно ослободување на илегални имигранти и покрај тоа што американскиот закон го дозволува тоа од случај до случај. Бајден ги загрози животите на Американците дозволувајќи им на илегалните имигранти кои позитивно се тестираат на Ковид да влезат во земјата , додека од неговите граѓани се бара да бидат тестирани пред да влезат во нивната земја“, нагласи Грин.

Таа додаде дека Бајден ги прекршил државните закони со своите политики, директиви и најави за границата, дека ги прекршил уставните должности, дека претставува директна закана за националната безбедност и дека повеќе не може да ги извршува должностите на претседател и треба да биде отповикан.

23.05.2023 - 11:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега