„Комунална хигиена“: Во изминатите два дена подигнати 1.130 тони отпад

 

 

Во текот на изминатите два дена екипите на ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје реализираа засилени активности во чии рамки беа подигнати и транспортирани вкупно 1.130 тони комунален отпад од контејнерите поставени на јавни површини, како и од кантите наменети за индивидуалните домаќинства. Отстранети се и 250 кубни метри отпад од приближно дваесет диви депонии лоцирани во сите скопски општини, информираат од ова претпријатие.

„Почнувајќи од првата смена во текот на денешниот ден, ЈП „Комунална хигиена“ – Скопје продолжува да го собира и транспортира комуналниот отпад на територијата на град Скопје според стандардната динамика, утврдена со оперативната програма за работа на претпријатието. Воедно, продолжуваат и редовните активности за одржување на хигиената на јавните и на сообраќајните површини во сите скопски општини“, се истакнува во соопштението.

12.07.2023 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега