Комунална хигиена: Ќе го отстраниме сметот и срамот на градоначалникот на Шуто Оризари, но ќе испратиме и фактура

 

Попладнево, од ЈП Комунална хигиена-Скопје информираа дека ќе го отстранат отпадот од општина Шуто Оризари, но за оваа услуга ќе испратат фактура до општината.

„Јавното претпријатие Комунална хигиена- Скопје ќе го отстрани сметот и срамот на градоначалникот на општина Шуто Оризари, Курто Дудуш, но јавноста треба да знае дека за ова ќе и биде доставена фактура на општината Шуто Оризари.

Имено, фотографиите кои ги објавува Курто Дудуш се од контејнери и локации за кои одговорна е општината со која управува. Поточно, контејнерите што се во надлежност на Комунална хигиена- Скопје редовно се чистат и дезинфицираат, што за жал не е случај и со општинските садови и дивите локации во неговата општина на кои се фрла отпад. 

Дополнително, Курто Дудуш се задолжи со мандатна казна за формирање на дива депонија на територија на општина Шуто Оризари, а во тек се и останатите постапки покренати против Дудуш за дела спротивни на законот за кои очекуваме разврски, што всушност е и причината за неговото однесување и напади кон градот и јавното претпријатие Комунална хигиена- Скопје“, велат од ЈП Комунална хигиена- Скопје.

16.12.2024 - 18:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега