Командант на британската армија: Ова е катастрофален неуспех за Русија

Началникот на Генералштабот на Обединетото Кралство, адмирал Тони Радакин, на вчерашното парламентарно сослушување изјави дека Русија изгубила речиси половина од своите борбени способности во Украина.

„Русија изгуби речиси половина од борбената ефикасност на својата армија. Руската армија истрела 10 милиони артилериски гранати во 2022 година, а во најдобар случај може да произведе еден милион гранати годишно. Руската армија загуби 2.500 тенкови, а во најдобар случај може да произведе 200 тенкови годишно“, рече тој.

Радакин ја опиша инвазијата на Украина како „катастрофален неуспех за Русија“ и ги пофали успесите на украинската армија во сегашната контраофанзива.

„Дури и во последните неколку недели Украина врати повеќе територии отколку што Русија зеде во последната година“, рече Радакин.

05.07.2023 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега