Колони за влез во Грција, нема подолги задржувања

 

 

Утрово повторно колони за излез од државата, иако од АМСМ информираат дека нема подолги чекања и задржувања.

Како што може да се види од камерите на граничните премини, на „Богородица“ има пуштени две ленти со возила кои чекаат да влезат на грчка територија.

-Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата, информираат од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

04.07.2023 - 09:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега