Ќерката на убиениот велешанец тврди: Вања и Панче никогаш не се познавале, ниту се сретнале

Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, чии тела беа пронајдени во околината на Скопје и Тетово никогаш не се познавале, ниту пак се сретнале. Ова во изјава за „Фокус“ го тврди ќерката на 74-годишниот велешанец, Македонка.

Во телефонски разговор, таа тврди дека ниту таа, ниту пак било кој од нејзиното семејство ја познавал Вања или некој од нејзиното семејство.

– Ниту татко ми, ниту било кој од нас го познавал девојчето лично. Јас сум во полициска станица, уште не знам ништо, освен тоа дека татко ми бил пронајден мртов, закопан. За тоа дека мотивот за убиството бил користољубие, првпат слушам од вас, од новинарите. Не сум го прочитала соопштението од МВР, но можам да кажам дека татко ми никогаш не бил богат човек, затоа и терминот користољубие не знам што значи. Во станица сум, не можам ништо повеќе да кажам, бидејќи и јас немам детали, рекла ќерката во разговор со новинарка од „Фокус“.

04.12.2023 - 08:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега