„Ќе врнат пари“: Викендов одлични вести за два хороскопски знаци
Астролозите наведоа дека за викендот на 26 и 27 ноември два знаци од Зодијакот ќе се израдуваат на паричен приход.
Близнаци
Претставниците на овој хороскопски знак ќе го поминат викендот релаксирано, без и да сонуваат дека може нешто важно да им се случи во полза на нивниот паричник.
Ѕвездите предвидуваат дека овие два дена ќе бидат вистински миленици на судбината – сите тешкотии ќе ги заобиколат, за на крајот да ја слушнат веста дека се „добитници“ на завидна сума пари. Затоа е добро овој викенд да играте игри на среќа., зашто мала е веројатноста дека парите ќе ви дојдат – во неработен ден – преку работното место. Но да ги оставиме ѕвездите да си делуваат со својата магија…
Риби
И овој двоен знак може да очекува – неочекувани пари. Ако имате веќе „отпишан“ односно заборавен долг кон некој пријател (или поранешен пријател), може да се случи да ви биде вратен. Ѕвездите предвидуваат и дека парите може да ви дојдат од семејна страна, односно од родители, браќа/сестри, можеби ќе станува збор за поделба на имот или да ви биде понудена финансиска помош за изградба на некој објект или за реализација на личен деловен проект.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа